77 години АФС
15.10.2026 • Информации
На 6 октомври 2026 година, во салата за состаноци на Архитектонскиот факултет – Скопје, се одржа свечена седница по повод 77 години од основањето и постоењето на Факултетот.
Во рамките на свеченоста беа доделени и наградите за најдобри студенти во учебната 2025/2026 година, како признание за нивниот постигнат успех и посветеност во текот на студиите.

Добитници на наградите се:
- Елена Гавриловска – најдобар студент во прва година
- Анастасија Ташковиќ – најдобар студент во втора година
- Дарија Дамевска-Идриз – најдобар студент во трета година
- Филип Зафировски – најдобар студент во четврта година

Автор на статија: Filip Koneski
77 години / AFS / Архитектонски факултет Скопје / АФС / УКИМ
