Панел – дискусијата во рамките на проектот „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје”

Српскиот културно – информативен центар „СПОНА“ од Скопје организира изложба и панел – дискусијата во рамките на проектот „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“.

 

ИЗЛОЖБА

Изложбата ќе се отвори во вторник, 27 октомври 2026 година во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот.

 

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Настанот ќе се одржи во четврток, 29 октомври 2026 година, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Овој проект е поддржан од Град Скопје за 2026 година, во рамките на програмата за поддршка на манифестации и настани од важност за градот преку грантови.

Панел – дискусијата е замислена како платформа за директен дијалог и интерактивна размена на мислења меѓу експертите, студентите и граѓаните, кои ќе дебатираат за урбаната историја, зачувувањето на архитектонските објекти и иднината на урбанизмот, овозможувајќи поголема вклученост на пошироката јавност.

Покрај тоа, преку достапната документарна изложба, присутните ќе имаат можност визуелно да се запознаат со  минатото на старо Скопје и неговата трансформација во модерен, напреден и убав град, чии контури на развој јасно се препознаваат и во денешното современо живеење.

 

 

АГЕНДА

четврток, 29 октомври 2026 година

Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје

11:00     ВОВЕД

Братислава Танасковиќ, проектен координатор, Српски – културно информативен центар СПОНА

11:15 – 12:15     ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Воедничар и модератор: 

Проф. д-р Мишко Ралев, архитект и декан на Факултетот за архитектура и дизајн при   Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје (УАКС)

Авторки на изложбата:

Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ, д.и.а.; Мр. Арх. Ива Димовска – Рајчиноски

Рецензент на изложбата:

Милош Стојковиќ, историчар

12:15 – 12:45       ДИСКУСИЈА

Прашања од публиката во врска со темата и дискусија по однос на изложеното

12:45 – 13:00       ЗАКЛУЧОК И ЗАТВОРАЊЕ НА НАСТАНОТ

Братислава Танасковиќ, проектен координатор, Српски културно – информативен центар СПОНА