Tрет TEDxSeptemvriskaSesijaSalon – „Скопје 2022….

Tрет TEDxSeptemvriskaSesijaSalon – „Скопје 2022: Урбано одржлив град – реалност или илузија? (“Skopje 2022: Sustainable City – Reality or illusion?”)

Што претставува поимот “урбан и одржлив град”? Дали тоа значи комплетна примена на технологиите во начинот на носење на одлуки во градовите за подобрување на своето општество и унапредување на одржливоста, економските можности и квалитетотот на живот на своите жители? Како да се справиме со проблемите во урбаните средини, со нивната комплексност и динамичност? Дали се согласувате со изјавата: „Градот не е проблем, градот е решение.“? Како би можеле да започнеме да ги градиме градовите на иднината? Градови кои не’ прават среќни и задоволни? Овие и серија други прашања ќе се обидеме да ги одговориме на третиот настан по ред од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани за оваа годинa.

TEDx #2 pic 1

На третиот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани за оваа година ја отвараме темата „Скопје 2022: Урбано одржлив град – реалност или илузија? (“Skopje 2022: Sustainable City – Reality or illusion?”). Целта на настанот е да се зборува за модели на одржливи градови и успешни примери на решавање на проблемите на градовите во светот и како истите би можеле да се преточат во нашето поднебје. Го отвара прашањето на вклучувањето на општеството и заедницата во процесот во изнаоѓање иновативни и креативни решенија кои би функционирале.

TEDx #2 pic 4

Третиот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан ќе се оддржи на 13.04.2016 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации на ФИНКИ во Скопје. Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, локацијата и деталите може да најдете на нивниот официјален Facebook настан или пак Facebook страна – TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: http://goo.gl/forms/ZJc0IXzsV9

Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 25. Крајниот рок за аплицирање е 11.04.2016, 12:00 часот, пладне.  Аплицирај на:http://goo.gl/forms/ZJc0IXzsV9
 Facebook event: https://www.facebook.com/events/1828088834085264/  Капацитет: 25 учесници  Краен рок за аплицирање: 11.04.2016, 12:00 часот, пладне.

Поддржувачи
ФИНКИ, Social Innovation Hub, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow, Бизнис Академија Смилевски – БАС

TEDx #2 Pic 2

Автор на статија: