“Dani Arhitekture” од19 до 22 мај во Сараево

Сараево од 19 до 22 мај оваа година по девети пат ќе биде домаќин на интернационалниот фестивал за архитектура “Dani Arhitekture” . Оваа година темата на фестивалот е под мотото „Архитектурата пред инвестициите“ (Architecture beyond investment), за која ќе говорат истакнати архитекти од регионот и Европа меѓу кои и Idis Turato од Хрватска, групацијата Njiric+arhitekti од Хрватска, ERIKSEN SKAJAA – Норвешка, Никола Узуновски од Македонија, Nerma Linsberger од Австрија, архитектите на KontraStudio – Србија , студиото Soma- Австија, A69-Чешка и многу други.

Фестивалот покрај предавањата и конференциите нуди и пропратна богата програма со изложби, перформанси , видео мапирање , филмски проекции и презенатации на студентски трудови.

Тимот на “Dani Arhitekture” ги повикува студентите по архитектура од Македонија да заземат учество на отворените конкурси за DAInsta exhibition и Pecha Kucha ( повеќе информации на линковите https://www.facebook.com/dani.arhitekture/posts/1051494234888987 и https://www.facebook.com/dani.arhitekture/posts/1055240401181037 )

Saraevo

“Dani arhitekture” започнаа во 2008 година како студентска иницијатива која во текот на годините се разви во еден од најважните, како архитектонски така и културен настан во Босна и Херцеговина. Во претходните осум изданија, фестивалот беше домаќин на повеќе од 50 говорници од 20 земји и организатор на бројни изложби и филмски проекции.

Затоа заокружете го датумот 19.05. – 22.05 во вашиот  календар, бидејќи тој периодот за сите архитекти и студенти  во  целиот регион e – the place to be.

За повеќе информации посетете го линкот https://www.facebook.com/dani.arhitekture/

Видео од минатогодишните “ Dani architecture 2015  “

https://vimeo.com/130224240

https://vimeo.com/157125512


 

Автор на статија: