Фотогалерија / Изложба на архитектонски студија – АФС 2015/2016
17.06.2016 • Изложби Студентски проекти
Марх е првата страна во македонскиот интернет етер, која гласно се залагаше за промоција на студентските трудови и им даде посебно место, во посебна категорија.
Во тој дух продолжуваме, воедно упатувајќи им покана на оние студенти кои сметаат дека имаат впечатлив проект, да ни го испратат на официјалната адреса contact@marh.mk за да може да споделиме со пошироката јавност.
Марх ја посети и годинешната изложба на АФС, им изразува честитки како на студентите така и на менторските тимови и одговорните, кои овие години навистина го поместија нивото на изложбите во позитивен правец.
На изложбата можете да погледнете проекти, концепти, модели од истражувања на конкретни локации, и конкретни задачи, на пр. Ателје за познатиот македонски моден креатор Ирина Тошева или пак студио за познат македонски бенд, музеи, модели од познати модернистички реализации, студентски домови ( Берлин), станбени решенија итн. Ве покануваме да ја посетите истата и да се уверите во посветеноста на македонските студенти во пронаоѓање на напредни решенија создавајќи архитектура достојна на времето.
Ви ја пренесуваме атмосферата преку фотогалерија:
ИЗЛОЖБАТА Е ОТВОРЕНА ДО 23 ЈУНИ – ПОСЕТЕТЕ ЈА!
фото: Борис Јурмовски
Автор на статија: marh