ААМ помош по повод земјотресот во Албанија
27.11.2019 • Информации
На 26.11.2019 г. претседателите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и на Асоцијацијата на архитекти на Албанија, Мартин Пановски и Арманд Вокши, имаа телефонски разговор по повод земјотресот во Драч, Албанија. Во разговорот од наша страна беше понудена помош од членови волонтери кои би помогнале во проценка и санација на штетите настанати од земјотресот. Од страна на претседателот на ААА, Арманд Вокши, добивме информација дека во моментот чекаат од властите на Албанија одговор дали ќе биде потребна надворешна експертска или каква било друга помош.
Доколку некои од Вас се спремни да обезбедат помош, Ве молам да се пријавите на e-mail адресата на ААМ, kontakt.aam@gmail.com, за да имаме подготвена листа на волонтери во случај ААМ во следните денови да искаже потреба за наша помош.
Со почит, Управен одбор на ААМ
Илустрации Зоран Кардула и Ладислав Цветковски
Автор на статија: Vase Amanito