AE House / Амети, Фетаху

Проектантска организација: B2A Design

Автори: Бесарт Амети и Фетах Фетаху

Година на реализација: 2022

Локација: Тафталиџе, Скопје

Фотографии: Леонит Ибраими

 

 

Текстуално образложение од авторите:

Презентираниот објект преставува композиција од основни геометриски форми кои се воочливи како во нацртите така и во обликувањето на архитектониката на истиот. Создаваме архитектура која често пати е именувана како минималистичка, што не би требало да подразбира физичка „сиромаштија“ на самиот објект, туку духовно богатство кое е очигледно кај AE House, објект кој е лоциран во населба Тафталиџе, Општина Карпош, Скопје.

 

 

Во ентериерот преовладува белата боја, но со големо внимание се избрани детали како што е базенот со застаклен под кој создава чувство на присуство на аквариум над дневниот простор. Искористените материјали се израз на современата текнологија во градежништвото, кои во хармонија со правилните форми на внатрешните простории му овозможуваат на објектот максимална естетика.

 

 

Објектот е  авангарден и иновативен,  особено во употребата на стаклото на фасадата и во внатрешноста, што придонесува за продирањето на светлината. Играта помеѓу светлото и сенката ја прават внатрешноста магична. AE House е поставен на градежна парцела ограничена од три улици, од кои улицата „ Софиска“ на јужната страна претставува најфрекфентна сообраќајница.

 

 

Јужната страна овозможува инсолација – максимална количина на сончева енергија, затоа во овој дел се ориентирани двовисинскиот дневен престој, скалиштето, терасите, базенот, просторот за забава итн….

 

 

Поставувањето на застаклените вертикални површини на јужната страна ја овозможуваат осончаноста и продирањето на светлосните зраци дури до најдлабоките пасивни зони. Со цел да се искористи максимално светлосниот капацитет во внатрешноста на последното ниво е поставен базен чиј под исто така е застаклен, што овозможува уште еден флуиден продор и светлосен ефект.

 

 

Значајно е да се спомене панорамскиот лифт кој има отворен поглед кон Водно. AE House има три спални соби од кои едната во интегрира во себе посебен дел за седење,  гардеробер и купатило. Спалните соби се ориентирани кон помирната страна . Од северната страна каде е споредната улица, е позициониран влезот во парцелата и објектот, што подразбира влез за станарите и пристап до подрумот каде се сместени паркинзите и техничките простории.