Отворена изложбата по повод 101 година „Де Стиjл”
24.03.2018 • Изложби
Фотографии: Васе Аманито
Изложбата е избор од работата на студентите во рамки на редовниот предмет Пластично обликување (IIсеместар) во знакот на одбележувањето на 100 години од формирањето на движењето Де Стил или Неопластицизмот, едно од авангардните и најзначајни движења во уметноста на XX век, кое има извршено силно влијание во развојот на уметноста, архитектурата и графичкиот дизајн.
Со изучување на принципите од доменот на теоријата на формата и бојата, за кои се залагале основачите на Де Стил, авторите Пит Мондриан и Тео Ван Дузбург, те. со осознавање на основните карактеристики на формата и бојата и нивните слојни значења во просторната организација, студентите стекнуваат знаења неопходни за обликување на архитектонски простор и градење на активен визуелен однос кон просторот.
Изложбата ќе биде поставена до 12.04.2018
Автор на статија: Vase Amanito
Архитектонски Факултет - Скопје Универзитет / Де Стиjл / Студентска изложба