AM House / Радо Инженеринг

Автори: Пако Радовановиќ, Ана Младеновска

Студио: Радо Инженеринг 

Година: 2023

Локација: Скопје

Површина: 500m2

Фотограф: Дарко Матоски

 

Објектот е едносемејна куќа која се наоѓа во општина Ѓорче Петров, Скопје и има пристап од северната страна.

Архитектонската форма на самиот објект е прилично едноставна – правоаголна во основа. Ваквата правилна форма ни овозможува да добиеме чисто функционално решение при проектирањето.

 

 

Со цел да се добие подинамично фасадно обликување се вметнува заоблена форма на аглите и потенциран завршен венец. Вклучувајќи го и контрастот на материјалите на самата фасада се добива впечатлив архитектонски израз на објектот.

 

 

Куќата има три нивоа – подрум, приземје и прв кат. Основните станбени содржини се позиционирани на приземјето – влезен хол со скалишен простор, дневен престој со трпезарија и два сета со меко седење, кујна во посебна просторија, работна соба и гостински тоалет.

 

 

 

Катот се содржи од три спални соби со сопствена бања и плакар соба, утилити, складишен простор и гостински тоалет. Во подрумскиот простор се позиционирани просторна кино соба со содржини за забава, приватна теретана и мал спа центар со џакузи, сауна и турска бања.