Андреј Токарев / 1935-2021

Извори: Porta 3;

 

Се поздравуваме со уште еден од доајените на македонската архитектура – проф. дипл. инж. арх. Андреј Токарев, кој почина на 6-ти март оваа година.

Неговиот извонреден придонес кон локалната архитектура го воочуваме во иновативните проекти за хотелите Дрим во Струга, Белви во Скопје, или Драмскиот Театар во Скопје. Но, вројатно заслужува најголеми пофалби за неговите урбанистички и инфраструктурни проекти, бидејќи преку нив навистина допринесува кон целокупен развој на нашето општество.

 

 

 

(фото: www.porta3.mk)

 

 

 

По завршувањето на средното образование во Струмица, со голем успех тој го завршува и Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје. Тој се вработува во Општина Струмица, каде набрзо станува началник на одделението за станбено-комунални дејности.

Во тој период, Заводот за урбанизам и станбено-комунална техника на Македонија, започнува да работи нов урбанистички план на Струмица, при што Андреј Г. Токарев станува копланер во изработката. Неговите стручни квалитети придонесуваат, тој да биде поканет на работа во Заводот. Тој станува претседател на Друштвото на урбанистите на Македонија и член на претседателството на Сојузот на урбанистите на Југославија.

 

 

 

 

 

 

Хотел Дрим, 1973-77 / Љубен Најденов, Андреј Токарев. (фото: www.seemice.com

 

 

 

Квалитетите на А. Г. Токарев стануваат пошироко познати, така што тој е избран за доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Урбанизам. Таму ги поминува сите наставни звања, се до редовен професор. Тој станува продекан и декан на факултетот во периодот од 1980-1985 год. Како познат урбанист, тој е често присутен во својство на консултант или советник  при изработката на низа урбанистички планови, меѓу кои ГУП на Скопје и Просторниот план на Р. Македонија.

 

 

 

(фото: www.porta3.mk)

 

 

 

Стручно-научните квалитети на А. Г. Токарев придонесуваат тој да биде избран и за Републички министер по урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина (1985-1990). Во тоа својство, тој многу придонесува во изградбата на колекторските системи за заштита на водите на нашите три природни езера, како и во изградбата нови патишта.

 

 

 

Хотел Белви, 1969-71 / Лудјек Кубеш, Михаил Токарев, Андреј Токарев

 

 

 

Позначајни реализирани дела:

  • Аминистративни згради во Струмица: Комерцијална банка, Водостопанска заедница и Електродистрибуција;
  • План за реконструкција на Кино Балкан, Струмица;
  • Инекс на Попова Шапка;
  • Инекс Дрим во Струга;
  • Хотел Белви во Скопје;
  • мотел во Гевгелија;
  • Драмски театар во Скопје;

 

учество во изработка на урбанистички планови за:
  • бања Банско-Струмица;
  • Гевгелија;
  • Делчево;
  • рекреативен центар Голак;
  • Маврово;
  • ГУП на Скопје;
  • Просторен план на РМ;

 

Останати проекти:
  • голем придонес во изградбата на колекторските системи за заштита на водите на нашите три природни езера;
  • голем придонес во изградбата на нови патишта на следниве делници: Струмица-Берово-Бугарска граница, регионалниот пат за Крива Паланка и  Гостивар-Кичево;
  • генерален координатор на Конзорциумот за изработка на инфраструктурниот мегапроект за интегрален развој на Вардарската долина;
  • урбанистичкиот проект за 9–та станбена заедница во Струмица (1978г.)   – наменета за околу 8000 жители, што во вид на амфитеатарска структура беше предвидено да се смести кај старите лозја, близу фабриката Еленица;
  • културно-забавен центар Струма;
  • верскиот ансамбл во Делчево;