Анекс на Ценовник за инженерски услуги за високоградба
19.03.2023 • Информации
На 13 март 2023 година во Службен весник на РСМ бр.54 е објавен Анекс на Ценовникот за инженерски услуги – ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата.
- Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
- Преземи Анекс на ценовник со табели во боја
Со овој Ценовник се пропишува висината на минималниот надомест за извршените архитектонски и инженерски услуги од страна на овластените архитекти и овластените инженери, учесници во активностите, во обем предвиден со Законот за градење и подзаконските акти кои произлегуваат од него.
Ценовникот се однесува на услугите кои ги наплаќаат физичките и правните лица, регистрирани за вршење на дејности за архитектонски и инженерски услуги, како севкупен трошок за услугите на лиценцираниот правен субјект, а се засметува врз основа на просечна цена на изградба за m² и вкупна инвестициона градежна вредност како вредност на градежни, градежно-занатските, инсталатерски работи и опрема, согласно расположивите податоци од Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.
Комората во соработка со Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС формираше Комисија која моментално работи на утврдување на моделот за контрола на спроведување на Ценовникот.
Автор на статија: Filip Koneski