Анкетен прашалник по повод 50-годишнината од на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство / ИКОМОС Македонија
14.10.2022 • Информации

По повод одбележувањето на 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО ИКОМОС Македонија спроведува истражување во форма на прашалник. Подолу ви го пренесуваме соопштението во целост:
Почитувани,
ИКОМОС Македонија спроведува истражување по повод одбележувањето на 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
Вашите одговори ќе ни помогнат да добиеме сознанија за перцепцијата и знаењето на јавноста за светското наследство во нашата земја. Прашалникот е анонимен, а податоците ќе се користат исклучиво во научни цели. Ви благодариме за одвоеното време.
👉 Линк до прашалникот: https://forms.gle/TA8JAZWWRjJUxQqW7
#ICOMOS#Icomosmk #WorldHeritage #TheNext50

Автор на статија: Мартин Ефремовски