Антички театри во Република Македонија / Јанакиевски
03.07.2023 • Литература
Наслов: „Антички театри во Република Македонија“
Автор: Томе Јанакиевски
Издава: Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија – Битола; Друштво за наука и уметност – Битола
Место и година на издавање: Битола, 1998
Томе Јанакиевски е истакнат археолог од Битола, познат по истражувањата на римскиот театар во Хераклеа. Тој во 1997 година ја изработува својата докторска дисертација под наслов „Античките театри и споменици со театарска тематика во РМ“ во рамки на Филозофскиот Факултет во Загреб. Една година подоцна тој ја публикува неговата теза под насловот „Античките театри во Република Македонија“.
Оваа публикација спојува археолошки, историски и архитектонски анализи на четирите антички театри во Македонија кои ги среќаваме во: Стоби, Хераклеа, Скупи (Скопје) и Лихнид (Охрид).
Текстуалните описи се проследени со фотографии, дијаграми и цртежи, од кои посебно значење имаат плановите на претпоставените реконструкции на сите четири театри.
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Антика / Антички театар / Археологија / Лихнид / Скупи / Стоби / Томе Јанакиевски / хераклеа