АРХИТЕКТОНСКА ИЗЛОЖБА: ЖЕНИТЕ АРХИТЕКТИ ВО ПОСТЗЕМЈОТРЕСНАТА ОБНОВА НА СКОПЈЕ

Наслов:

Архитектонска изложба: „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“

Датум и час:

четврток, 23 декември, 19 часот

Локација:

Музеј на Република Северна Македонија

 

Во четврток, на 23 декември со почеток во 19:00 часот во Музејот на Република Северна Македонија ќе се отвори архитектонската изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“.

Изложбата е резултат на едногодишниот проект од областа на културата и архитектурата насловен „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 23 март, 2022 година.

Дополнителни информации за проектот „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ раководен од Здружението за поддршка и промоција на културата „Континео 2020“ – Скопје:

На веб платформата www.womenarchitects.mk јавноста ќе има можност да пристапи до дигитализирана архива од податоци за авторите и објектите опфатени во проектот.

 

Фејсбук профил на проектот:

https://www.facebook.com/womenarchitects.mk

 

Краток опис на проектот:

Во втората половина на дваесеттиот век, значително се менува улогата на жената во македонското општество. Во новонастанатиот политички, економски, социјален и културен контекст, жените го прават својот прв пробив во мноштво професии, кои претходно се сметале за „машки“.

Обемниот и сеопфатен модернизациски и еманципаторски проект значи забрзано менување на структурата и ликот на градовите, а жените архитектки рамноправно учествуваат во обликувањето на новиот животен простор.

Жените архитектки даваат значаен придонес кон архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје. Периодот на 60-тите, 70-тите и раните 80-тите години е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други.

Образовани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри – Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри – Париз, Берлин, Виена, Прага итн., по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската  архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

 

Соработници:

Михајло Стојановски

Теа Дамјановска

 

Графички дизајн:

Eлена Диневска Зарапчиев

Бисера Крцковска

 

Фотографија:

Васе Аманито

 

Издвоени поенти:

„Жените архитектки даваат значаен придонес кон архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје.“

 

Напомена: Сите материјали објавени на веб страницата на проектот и/или Фејсбук профилот на проектот се авторски и притоа преземањето е дозволено единствено доколку се наведе изворот и/или авторот.