АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС: „СКОПЈЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА“ / Europe HOUSE

Одбележувајќи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Europe House со гордост го објавува архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“. Ги покануваме младите архитекти и урбанисти да донесат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град. Овој конкурс е повеќе од натпревар за најдобар дизајн; тој е мисија да се подобрат запоставените простори и да се направи градот подобар за сите.

Главната цел на конкурсот е да инспирира иновативни идеи за архитектонски и урбан дизајн што ќе ја вратат човечката страна на Скопје и чувството на заедница во јавните простори: урбани јадра и улици што се суштински дел од колективната меморија. Учесниците треба да се фокусираат на повторно осмислување и/или преуредување на овие скопски богатства, под услов тие да се вклопат во амбиентот и околината, со цел да се создаде одржлива и инклузивна урбано/архитектонски генеративна средина. Интервенциите треба да се соодветни на локацијата на начин што не го деградира сегашниот квалитет на живот или комуникација, туку, едноставно, додава вредност на околината.

Насоките за пријавување можете да ги пронајдете на следниов линк.

Важни датуми:

Почеток на конкурсот: 4 септември 2023 година
Краен рок за доставување на предлозите: 22 октомври 2023 година
Краен рок за поставување прашања: 18 септември 2023 година (одговорите ќе бидат објавени на 25 септември)
Церемонија на доделување награди и изложба: 13 ноември 2023 година

Зошто да учествувате?

За да го разубавите Скопје: Конкурсот ви дава можност да внесете нов живот во старите и заборавени градски делови.
За да освоите парични награди: Не само што ќе придонесете за архитектурата на градот туку и ќе имате шанса да освоите до 1.500 евра.
За да стекнете признание: Група експерти од врвни универзитети и организации ќе го разгледаат вашиот предлог, што ќе ви даде можност да добиете професионално признание.
Кој ќе оценува?

Предлозите ќе ги оценуваат експерти од престижни образовни институции, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите предлози ќе бидат анонимни, со што се обезбедува фер и еднаква можност за сите учесници.

Како да учествувате:

Ако имате прашања во врска со конкурсот, можете да ги доставите преку е-пошта на адресата competition@euhouse.mk до 18 септември, а одговорите ќе бидат објавени на 25 септември. Повеќе информации има во упатството за конкурсот што може да се преземе на македонски, албански и англиски јазик под овој текст.

Избрани локаци се следниве:
1. Луна-парк
2. Фонтана „Лотосов лист“ во Градскиот парк
3. Езерце
4. Плоштад „Коцка“
5. Трговски центар „Бутел“
6. Улица „Илинденска“ (од зградата на Владата до фонтаната во Градскиот парк)
7. Улица „Илинденска“ (крајот на улицата во Карпош 4)
8. Улица „Пластичарска“
9. Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската
пумпа на „Макпетрол“)
10. Кеј „Паркот на франкофонијата“
11. Кеј Влае
12. Паркингот околу театарот „Комедија“
Учесниците слободно можат да изберат одредено место од листата