Aрхитектура во живо: (не)познати простори
25.09.2018 • Информации Фотографија
Фотографии: Васе Аманито
Во склоп на БИМАС 2018 се оддржа мала посета и обиколка на неколку значајни објекти од скопското архитектонско наследство од втората половина на 20. век. Целта на турата беше преку поблиското запознавање со објектите и нивните високи архитектонски вредности, да се нагласи нивното значење, како и да ги направиме видливи и оние делови од објектите кои што се вообичаено затворени за јавноста.
Во прилог Ви презентираме мал дел од атмосферата
– Македонска опера и балет (Биро 71)
– Алкалоид (деловна зграда), арх. Александар Серафимовски
– Управа за хидрометеоролошки работи, арх. Крсто Тодоровски
– МАНУ, арх. Борис Чипан
Автор на статија: Vase Amanito
(не)познато Скопје / 20 век / XX век / Ентериер / Македонска архитектура