Архитектонското наследство на социјалните мрежи
05.06.2022 • Информации
Социјалните мрежи го изменија начинот на кој што меѓусебно комуницираме. Тие нудат нови начини на комуницирање со нашите контакти, ни овозможуваат нашите брендови да ги рекламираме, да ги споделуваме настаните на кои што присуствуваме, или пак да споделуваме искуства и знаење побрзо од било кога. Се разбира дека тоа не е целосната листа на начините на кои луѓето ги користат овие нови канали на комуникација, односно постојат многу уникатни начини на кои што луѓето можат да ги употребат своите профили.
Денешната објава се фокусира на архивирањето на стари фотографии од архитектурата и културата во Македонија на социјалните мрежи. Профилите -архиви на Instagram стануваат се почести извори на истражувачки материјал за локалните архитекти и дизајнери кои својот research многу често го прават токму на социјалните мрежи. Тука материјалот во форма на post лесно се споделува со контактите и лесно се зачувува за повторно корисникот да се врати на истата објава по потреба.
Ви приложуваме низа на Instagram профили кои се посветени на објавување историски фотографии од Македонија и регионот во минатото.
- @retroskopje – посветен на стари фотографии од Скопје, како скенови од стари весници, постери и сл.
- @jugoegzotika – стари фотографии од архитектурата, уметноста и историски настани од Македонија.
- @jugoprojekt – опфаќа фотографии од архитектура, уметност и дизајн на просторот на поранешна Југославија.
- @spomenikdatabase – профил на добро познатиот сајт каде се документираат споменици и архитектонски реализации на регионот на поранешна Југославија.
- @odamna.makedonija – профил со фокус на архитектура, култура, народни носии, обичаи, сцени од обичниот живот во Македонија во минатото
- @grandads.photographs – профил каде се објавуваат фотографии од приватна архива каде се опфатени разновидни сцени од животот на авторот, често на значајни локации, објекти и споменици.
- @marh.mk – посетете го нашиот профил каде можете да ги следните сите случувања на архитектонската сцена и воедно проследете ја архивата од минатите објави.
Автор на статија: Љубен Трајаноски