Архивики 0.3 / Резултати

Фотографии: Борис Јурмовски

Извори: Архипункт, Википедија

На 13 и 14ти април, се оддржа работилницата за збогатување на интернет просторот (Википедија) со содржини од полето на домашната и светската архитектура на македонски јазик. Веќе трета година по ред, работилницата е оргaнизирана од страна на студиото за архитектура и дизајн Архипункт, во соработка со Википедија на македонски јазик и нашата платформа МАРХ Македонска архитектура.

Оваа година работилницата се оддржа на Архитектонскиот факултет во Скопје и во неа земаа учество: Невенка Манчева, Марија Антиќ,  Тони Ристовски, Сара Соколовска, Симона Чингоска, Александрa Јовиќ, Орхан Сулејмани, Симона Талевска, Тамара Чорбиќ,  Зафир Зафиров, Ангела Витановска, Ноеми Чаусидис, Марио Шаревски, Кирил Симеоновски и Мартина Штериова.

Архивики 0,3 помина со многу книги, музиче, пици и продолжни кабли како и неизбежното крајно задоволство од запознавање нови луѓе и придонесување кон архитектурата и најкористената светска онлајн енциклопедија – 15 учесници, 35 нови и 12 подобрени статии!

 

Работилницата секогаш се организира петок и сабота, поделена во два дела. Првиот ден е запознавањето на учесниците, претставувањето на организаторот и соработниците, како и презентација како се уредува статија на Википедија. Вториот ден се креираат корисничките адреси и се едитираат новите статии во опуштена атмосфера.  Ви носиме дел од истата:

 

Крајните резултати изгледаат вака:

(H) – новосоздадена статија; (П) – подобрена статија:

  1. Конструктивни системи (Н)
  2. Греда (Н)
  3. Конструктивни елементи (Н)
  4. Меѓукатна конструкција (Н)
  5. Столб (Н)
  6. Трансматеријали (Н)
  7. Национална установа Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Битола (Н)
  8. Офицерски дом (Битола) (П)
  9. Градски Ѕид – Скопје (Н)
  10. Мат Блеха (Н)
  11. Јован Вуков (Н)
  12. Милан Злоковиќ (Н)
  13. Бранислав Којиќ (Н)
  14. Јован Ранковиќ (Н)
  15. Глигорие Савовиќ (Н)
  16. Љубомир Томиќ (Н)
  17. Владимир Ќосевски (П)
  18. Френк Гери (Н)
  19. Норман Фостер (Н)
  20. Модерна архитектура (Н)
  21. Црква „Св. Архангел Михаил“ – Чичево (П)
  22. Црква „Св. Пантелејмон“ – Велес (П)
  23. Црква „Св. Никола“ – Куманово (П)
  24. Функционализам (Н)
  25. Стреа (Н)
  26. Архитектонски проект (Н)
  27. Предмер (Н)
  28. Историски архив (Охрид) (П)
  29. Историски архив (Скопје) (П)
  30. Историски архив (Штип) (П)
  31. Експресионистичка архитектура (Н)
  32. Арт Деко (Н)
  33. Футуристичка архитектура (Н)
  34. Калкан (Н)
  35. Темел (инженерство) (Н)
  36. Парапет (Н)
  37. Телекомуникациски центар Скопје (Н)
  38. Функционализам (Н)
  39. Алдо Роси (Н)
  40. Рем Колхас (Н)
  41. Трем (Н)
  42. Еркер (П)
  43. Чардак (П)
  44. Андреја Дамјанов (П)
  45. Црква „Св. Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка (Н)
  46. Архитектонски факултет – Скопје (П)
  47. Палата Рубен (Н)

Добро завршена работа друштво и се гледаме следната година повторно 😉

 

На темата погледнете повеќе :

Википедија >>>

Архипункт >>>