Autodesk Digital Transformation Day (ADTD) Скопје 2022
12.10.2022 • Информации
Дигиталната трансформација интензивно се случува во светски рамки. Како дигиталната трансформација се одвива во Македонија? Зошто БИМ е неопходен и важен во оваа трансформација? Како и на кој начин Autodesk софтверот ни помага во тоа? Она што е сигурно е дека дигиталната трансформација со помош на БИМ е неопходна!
На овие и на многу други прашања, преку лични искуства директно ќе одговорат корисниците на бесплатната конференција “Autodesk Digital Transformation Day (ADTD) Скопје 2022”, која ќе се одржи во Скопје на 20 октомври (четврток) 2022 год., во Хотел Александар Палас.
Настанот го организира Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, во соработка со Tech Data, официјален дистрибутер на Autodesk за регионот.
Autodesk Digital Transformation Day корисничката конференција ги собира во поширокиот регион сите оние кои се заинтересирани за напреден начин на работа со софтверските решенија на Autodesk.
По примерите од практиката, ќе има панел дискусија на тема: „БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности”, каде ќе се разговара за состојбата на БИМ во Македонија, предностите, проблемите со кои се соочуваат Autodesk корисниците работејќи на тој начин во таа средина и идеи како сето тоа да се подобри. По панелот ќе следуваат и вредни награди!
Конференцијата е наменета за градежни, машински и електроинженери, архитекти, инвеститори, изведувачи, проектанти и сите оние кои се занимаваат со имплементација на БИМ.
Повеќе детали за предавачите и агендата на конференцијата може да дознаете на официјалниот сајт на ADTD. Линк во продолжение:
https://adtd.org/home/adtdskopje2022/
Автор на статија: Filip Koneski