Белград се подготвува за EXPO 2027
10.08.2023 • Од регионот
По објавените резултати дека Србија е избрана за домаќин на специјализираната меѓународна изложба EXPO 2027 на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби, Белград најавува инвестициски бум во инфраструктурни и проекти од доменот на културата.
Белград засилено се развива во град од светски ранг, следејќи ги сите сегменти на развој. Во времето што останува до изложбата, градот се шири кон Сурчин и планира да ги реализира следните проекти:
- Нов саем на 25 хектари и спрецијализирани објекти за изложбата;
- 1500 станбени единици;
- придружни комерцијални и сместувачки капацитети;
- електрифицирана пруга со два колосеци во должина од 18 км, со предвидена брзина на движење од 120 км на час;
- нова железничка станица во Прокоп;
- Национален стадион;
- нова главна автобуска станица;
- изградба на нов мост на Сава, реконструкција на други два;
- изградба на Природонаучен музеј;
- изградба на Филхармонија;
- изградба на Аквариум;
- изградба на панорамско тркало;
- стариот железнички мост ќе добие пешачка намена со хортикултурно уредување
- реставраврација на старата пошта, дело на српскиот архитект Коруновиќ, со нов анамена Градска библиотека и детска театарска сцена
- првата метро линија се отвора во 2028 година
Извор: Blic.rs
Автор на статија: Filip Koneski