BERLIN.SCAPES:LAB / DISCURSIVE TURNS

независна студиска програма за студенти и млади архитекти

2

Платформата SCAPES:LAB (https://www.facebook.com/scapeslab?fref=ts) ги соединува сите капацитети во единствена, колаборативна платформа на интензивно искуство, преку директна соработка со поширокиот круг на институции и бироа, како и останати организации мапирани во изминатиот период, со идеја за остварување на директен контакт со феномените на архитектурата и урбаното планирање. Самата платформа не е поврзана со ниту една академска институција, туку е независна и поткрепена од висококвалитетен методолошки потенцијал за иновација во истражувањето, односно образованието.

3

Дополнително, нејзиниот регионален карактер (транзициски земји од регионот), вмрежен во интензивна размена со европскиот контекст, овозможува една сложена и значајна мрежа на архитекти/урбанисти, независни истражувачи, активисти, едукатори и академски кадри, како се воспоставува меѓусебна соработка и потенцијални нови проекти. Таквото искуство на директна соработка, работа, дискусија и размена со одредени релевантни автори, проекти, иницијативи, универзитети, концепти и поединечни феномени на професионален план, создаваат огромен придонес во надминување на формалниот академски контекст.

4

BERLIN.SCAPES:LAB (http://berlinscapeslab.blogspot.com) претставува студиска програма наменета за студенти и млади архитекти, реализирана од Idnet (https://www.facebook.com/idnet.ngo) и Centar Arhitekture (http://centararhitekture.blogspot.com) од Нови Сад, Србија, со поддршка на стотина студенти по архитектура од регионот (Скопје, Бања Лука, Подгорица и Сараево) и останати студенти од релевантни соработници од Германија, Холандија, Шпанија, Франција и Швајцарија.

 

5

 

Надоврзувајќи се на изградените искуства од четирите студиски програми во Холандија 2011 и 2014 FLATscapes (http://centararhitekture.blogspot.se/2013/11/flatscapeslab-40.html ), Шпанија 2012 EScapes (http://centararhitekture.blogspot.se/2012/08/escapes.html ) и Франција, Швајцарија 2013 FrearCH (http://centararhitekture.blogspot.se/2013/07/frearch-draft-plan.html ), во склоп на платформата SPACES:LAB, оваа година за прв пат фокусот е на градот Берлин кој ќе биде модел на истражување за студентите од регионот.

 

6

 

Берлин како град во Германија која е Европски предводник во секој поглед, ја прати таа тенденција надополнет со голем број на историски и идеолошки факти го креира неговиот феномен кој е важно правилно да се прочита и разбере. Град планиран за двојно повеќе жители, познтат по неговата идеолошка поделба, а подоцна и соединување во слободен град-држава, град соединение на бројни класни, економски и политички разлики, град кој претставува голема шанса и предизвик. Преку него можеме да го читаме минатото и сегашноста, но можеби и блиската иднина. Водечки град на светската економија и место од големо геополитичко значење, град кој повеќе од доволно страдал низ историјата, што го создава неговиот широк спектар на промени кои ние денес ги знаеме и кои ќе ги гледаме. Ќе бидеме сведоци и учесници во неговите постојани урбани трансформации, друштвени, политички и културолошки процеси и случувања, бројни иницијативи кои непрестанато го уредуваат големиот (празен) јавен простор и во еден незапирлив процес го создаваат градскиот пејсаж.

 

7

 

Следејќи го концептот на оваа самоорганизирана платформа, Ве повикуваме да се вклучите во нашата регионална истражувачка група како заедно би граделе активна аргументација за феноменолошките и политичките придонеси и случувања, кои сите подеднакво го дефинираат пејсажот на нашите градови. Проучување и мапирање структури кои се вклучени во просторната продукција (архитектура-урбанизам-политика-економија), анализирање различни динамики (време-простор), комуницирање со бројни релевантни соработници и автори, препознавање нови можни тенденции и можеби пронаоѓање на одговорот од прашањето – Што е следно?

 

За време на строго определената агенда (Јули – Август), синхронизирано ќе создадеме бројна база на податоци која ќе ни овозможи аргументирано да го истражуваме просторот за време на патувањето.

 

8

 

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОГРАМАТА

(http://issuu.com/centar.arhitekture/docs/berlin_scapes_lab/1?e=11470796/11328422)

 

ЛИНК ЗА ПРИЈАВА

(http://berlinscapeslab.blogspot.com/p/mkd_12.html)

 

*registration deadline – 7ми Јули 2015.

Автор на статија: