КОАИ со анкета за инженерската плата
14.10.2026 • Информации
|
Комората на овластени архитекти и овластени инженери спроведува истражување со цел да се добие реална, објективна и сеопфатна слика за состојбите во нашата професија, со посебен фокус на висината и структурата на приходите на инженерите во Македонија. Со оглед на динамичните пазарни услови и потребата од заштита на достоинството и вреднувањето на инженерскиот труд, сметаме дека е од исклучителна важност да располагаме со веродостојни податоци за финансиските рамки во кои се движат инженерите. Цел на анкетата е добивање прецизна статистичка анализа за нивото на платите според стручната инженерска област, работното искуство, степенот на образование, овластувањата и видот на работната позиција. Анкетата е целосно анонимна. Прибраните податоци ќе се користат исклучиво за статистички и аналитички цели на Комората. Пополнувањето трае приближно 3 до 5 минути. Ве повикуваме да одвоите дел од вашето време и да дадете точни и реални одговори. Секој одговор има значење за креирање релевантна слика која ќе биде од корист за целата инженерска заедница. |
|
|
|
|
Ви благодариме за соработката и за вашиот придонес кон унапредувањето на инженерската професија. |
Автор на статија: Filip Koneski
KOAI / анкета / инженерска плата / КОАИ / Комора на овластени архитекти и инженери
