Стара скопска чаршија / Балабанов
26.06.2023 • Литература

Автор: Коста Балабанов
Година: 1994
Издава: Туристички сојуз на Скопје
Уредник: Душко Кузмановски
Фото прилози: Кочо Нетков
Корица, карта и карикатури: Сунчица Божиновска
Коста Балабанов (1929) е историчар на уметноста и автор на преку 200 стручни и научни трудови посветени главно средновековната уметност.
„Стара скопска чаршија“ е издание кое на читателот му нуди еден краток но многу информативен преглед околу овој историски потег на градот Скопје. Изданието е поделено во два дела, во првото читателот се запознава со историјата на Скопје, претставено преку еволуцијата на чаршијата, додека во вториот дел читателот се запознава со старо Скопје и неговите архитектурни споменици и институции од областа на културата и уметноста во рамките на три посебни итинерери.
Изданието е збогатено со прекрасните илустрации од Сунчица Божиновска кои се комплементарни на текстот и фотографиите кои го носат читателот низ приказната на старата скопска чаршија.

Автор на статија: Мартин Ефремовски