Црква Св. Андреа / Матка, XIV век

Година : 1389, доградба 1559-1560 година

Локација: во клисурата на р. Треска, до езерото Матка

Фрескоживопис: митрополит Јован и монахот Григориј

Извор: ВикипедијаУправа за Заштита на Културното Наследство

Насловна фотографија: www.commons.wikimedia.org

 

Во срцето на кањонот Матка веднаш покрај езерото ја среќаваме црквата Св. Андреа. Овој храм е изграден пред повеќе од шест векови, во период кога езерото не ни постоело. Tука р.Треска формирала израмнување, на тешко достапна локација која било одлична стратешка точка во турбулентниот период на Османлиските освојувања.

Овој регион бил власт на кралот Марко, а по Косовската битка, кога освојувањето на Скопје веќе било на повидок, тој се повеќе се развива како дефанзивна и последното упориште на локалното население. Тука доаѓа и братот на Марко, принцот Андреаш кој го гради Манастирот Св. Андреа во 1388/1389 година.

 

 

Фрески од светите воини / фото: Mile Paševski, извор: www.journeymacedonia.com

 

 

извор: www.365.com.mk

 

 

 

Манастирската црква претставува пример на доцновизантиско градителство, сублимат на идејни решенија на една подолга градителска традиција а истовремено и сакрална градба со локални обележја. Таа е релативно мала по своите димензии но има многу специфична архитектура и живопис.

 

 

 

Историска фотографија од црквата

 

 

 

Црквата Св. Андреа претставува комбинација на издолжен триконхос однатре а однадвор слободен крст. Северната и јужната конха всушност се апсиди што ја имаат намената на певници, а третата конха на источната страна е олтарна апсида. Додека одвнатре тие се полукружни однадвор тие имаат квадратни и петострани форми.

Фасадата е декорирана со полукружните ниши, подредеми во два реда и исполнети со керамопластична декорација. Начинот на ѕидање варира низ целата надворешност и со тоа ја оживува оваа мала црква.

Над централниот простор е поставена мала но висока купола, подржана со пандатифи.

 

 

 

 

Кон главната црква, во средината на XVI век, е доѕидана припрата, во правоаголна основа, прекриена со полукружен свод. Според зачуваните остатоци од долгиот натпис, кој бил испишан на другата зона од источниот ѕид, припратата била живописана во 1559/1560 година. Живописот е зачуван главно на источниот ѕид.

 

 

 

 

фотографии од денешната состојба / извор: www.travel2macedonia.com

Внатрешноста е покриена со специфичен живопис изработен од еден од најврвните средновековни мајстори митрополит Јован, кој исто така е и авторот на фреските во манастирот Св. Спас во Зрзе.

Во внатрешноста живописот е распоредеен во три хоризонтални зони. Притоа, изборот на композициите е намален со оглед на ограничениот простор за живописување. Фреско-декорацијата се издвојува, со своите стилски и уметнички квалитет, како и иконографските особености, од останатите споменици подигнати во Македонија во тоа време.

Зографот не се држи до традиционалната иконографска шема, бидејќи во живописот не се застапени ликовите на пустиниците, Христовите чуда, сцени од животот на Богородица, а поголем акцент е даден на ликовите на воините кои се изцртани во цел раст. Темите се орикажани со поголема јасност, природност и блискост до обичниот верник. Во работата на уметникот се забележува повеќе зрелост и инвентивност, а во некои од композициите се среетнуваме со тенденција и настојување за решавање на проблемот на  перспектива и сместување на фигурите во одреден простор.

 

 

 

Фрески од светите воини / извор: www.journeymacedonia.com

 

 

 

Во 1968-та година манастирт е прогласен споменик на културата. Но, во 2018 тој е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Со ова се унапредува нивото на заштита на доброто и негова категоризација, согласно со Законот за заштита на културното наследство.

 

 

 

фото: Игор Манев, извор: www.consiliumpress.com