Да замислиме ПАРК / Полјана позади средното училиште „Димитар Влахов“

Меѓу пругата која води од Транспортниот Центар од Скопје кон Велес, кај депото на Македонски железници и средното училиште „Димитар Влахов“, се простира голема полјанка која е скриена од погледи.

Од тука се простираат отворени погледи кон Водно и опкружувањето. Околу полјанката има помали формации на индивидуално домување, но нивната организација е повеќе рурална отколку градска. Потребно е целосно реобмислување на просторот кој нема да го изостави и домувањето.

 

 

Веќе во тек е реализацијата на комплексот Порта Супериум, а според она што може да се види на страната на Општина Аеродром, руралниот изглед на малото ќе се замени со градска структура на објекти за колективно домување.

 

Да се обидеме да замислиме ПАРК

 

Оваа тема за овој простор ја зборувавме во повеќе наврати. Овој пат се надоврзуваме на старата објава со дополнителни визуелни можности со помош на алатките на вештачката интелегенција.

 

 

Бидете храбри бар еднаш и ЗАМИСЛЕТЕ ПАРК!