Дебармаалски порти / 1
31.08.2020 • ХХ век / I половина
Локација: Скопје, О. Центар
Период: прва половина на XX век
Фотографии: Филип Конески
Дебар Маало е скопската населба во која можеме бескрајно да истражуваме и откриваме во 100 годишниот континуитет на историјата на архитектурата.
Портите и капиите претставуваат плод на занаетчиството, дизајн кој најчесто се работел наменски, според визијата на архитектот. Тие го оставаат првиот впечаток на оној кој доаѓа, го креира првото чувство на она што се најавува во внатрешноста.
Фасадната декоративна пластика секогаш насочува и го најавува влезот во објектот преку врамувања, обликувања надстрешници, пиластри, венци…
Од она што е останато во Дебар Маало, можеме да препознаеме повеќе хронолошки стилски тенденции и правци во обликовната естетика.
Уживајте во првата галерија посветена на дебармаалските порти >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Влезни врати / Дебар Маало / Еклектика / Модернизам / порта / Рустика