Detox Office – Екосистем на работното место кој се грижи за вработените

 

Како можеме да креираме хармонична работна средина?

Денешниот работен свет многу брзо се развива. Особено во доба на хибридно работење, дигиталните алатки се користат сѐ повеќе. Скоро постојано ги користиме нашите смарт телефони, лаптопи и подвижни електрични уреди кога ги извршуваме дневните обврски или кога сме во движење. Но, овој тренд има и своја лоша страна: Постојаната дигитална достапност и користењето на нашите уреди можат да доведат до т.н „дигитален умор“.

Под мотото „ Детокс канцеларија“ – екосистем на работното место кој се грижи за вработените, Sedus своето портфолио пролетта 2023 го збогати со производи кои ќе го поддржуваат ова мото. Задачата на овие производни иновации и додатоци е да им се овозможи на луѓето да работат во средина каде ќе има баланс меѓу работата со дигитални уреди и каде ќе успеат да најдат промена на нивната перспектива. Намерата е да се создаде околина која ќе промовира здравствени придобивки и благосостојба. Во овој нов екосистем, и индивидуалната и тимската работа се дефинираат преку широк спектар на разнолики работни простори. Тие не се стриктно одделени , туку неприметно се испреплетуваат едни во други , создавајќи возбудлива и разнолика работна средина, каде ќе постои совршен простор за секоја пригода без разлика дали станува збор за неформална размена, случајна средба, сконцентрирана работа или повлекување за релаксација.

 

 

Биофиличниот дизајн е клучен фактор во овој процес. Ова подразбира користење растенија, органски форми на мебел како и природни и стимулирачки бои. Тие му овозможуваат на канцеларискиот дизајн да креира момент на убаво чувство кое вработените можат да го доживеат додека не ги користат своите технички алатки.

 

 

B2 Solution заедно со светскиот лидер Sedus ви ги пренесува светските решенија на македонскиот пазар.

B2 Solution е ексклузивен застаник на Sedus на македонскиот и српскиот пазар.

 

 

Дигитален умор

Начинот на кој комуницираме на работното место станува сѐ попродорен, подразбира извршување повеќе работи во исто време и се користат повеќе канали на комуникација. Иако организациите и поединците се стекнуваат со соодветни вештини со помош на кои подобро ќе ги менаџираат овие аспекти, сепак некои фактори, како што се масивното виртуелно комуницирање, прекумерното користење на видео позивите и постојаното седење пред екраните, се закануваат дека ќе го нарушат здравјето на вработените.

Како што покажуваат големиот број истражувања, трансформацијата на канцелариите во дигитални работни простории бара многу повеќе од само следење на технолошките иновации: потребно е рекомбинирање на физичките, културните и дигиталните елементи кои ги обликуваат човечките интеракции меѓу себе и меѓу нив и машинеријата. Потребно е да се најде нов начин на работење каде ефикасноста ќе оди рака под рака со благосостојбата.

 

 

Една од многуте темни страни на хиперповрзаноста е дигиталниот умор, чии главни симптоми се чувство на преобземеност и премореност како резултат на премногу користење дигитална стимулација. Кога луѓето патат од оваа состојба , тие многу тешко се одделуваат од технологијата, па дури и стануваат зависни од неа.

Дигиталниот умор допринесува за ниско ниво на благосостојба на работното место, без разлика дали се работи во канцеларија или дома, а се карактеризира со исфрустрираност, лесно одвлекување на внимание, недоволна ангажираност и целокупен послаб перформанс на вработените. Поради тоа, компаниите и поединците треба да работат заедно кон промовирање на совесно и балансирано користење на технологијата. Забраната или ограничувањето на користењето на технологија не е решението, туку решението е промовирање работно средини кои ги спојуваат ефикасноста, чувството на заедница, соработката и личната контрола.

На вработените им се потребни алатки со помош на кои ќе стекнат „меки вештини“ со кои пак ќе развијат свесност за тоа кога и како да се ослонуваат на дигитални алатки, кога да изберат средби лице во лице и кога да го остават телефонот на страна.

Потребна е флексибилна и разнолика работна средина дизајнирана да промовира и благосостојба и продуктивност: биофилични елементи, простор за социјализирање и соработка, но и индивидуалнен простор за самостојна работа или за релаксација.

Значи, работното место мора:

  • Да ги инспирира и да е инспирирано од вредности кои го ставаат човекот во центарот на внимание;
  • Да поддржува благосотојба и лесна употреба на технологија;
  • Да е конфигурирано на тој начин што ќе овозможи најдобро извршување на специфичните задачи на секој вработен.

Канцеларијата која може да направи детоксикација од прекумерното користење на технологијата мора да е социјален простор, отворен за соработка , но истовремено да е соодветно адаптиран да може секој вработен да ја врши својата индивидуална работа.

Таа треба да е инспирирана од биофилични принципи за да креира простор адаптиран за секој вработен посебно така што ќе се промовира продуктивноста, но не по цена да се наруши благосостојбата на луѓето.

 

 

Борбата против дигиталниот умор и стресот не е потребна само за да се постигне поголема продуктивност на работа и помалку дистракција. Таа е начин преку кој ќе се обезбеди физичка и психолошка благосостојба на вработените и ќе се формираат услови повторно канцеларијата да стане фокусна точка на секој вработен.

Повеќе за Detox Office  може да слушнете и од Workplace консултантот Бранимир Валичевиќ од Загреб, Oсновач на Plan2B, кој е гостин во STORYTELLING 09 бизнис подкастот на B2 Media >>>

 

 

Како сето тоа квалитетно да го прилагодите во вашата реална канцеларија контактирајте ги нашите пријатели, консултантите на B2 Solution .

Email: office@b2.com.mk тел: 02/311-16-13 www.b2.com.mk

Следете ги на социјалните мрежи:

Instagram: https://www.instagram.com/b2solution/

LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/b2-solution
Facebook: https://www.facebook.com/B2Solution.mk

 

Оваа содржина е креирана и спонзорирана од нашите пријатели >>>