Дигитални илустрации од Скопје печатени на бетонски плочи / Сувенири Скопје
22.02.2024 • Уметност

Идејата за носачот на илустрациите е произлезена од постземјотресната архитектура на Скопје, каде армираниот бетон е главниот применет градежно конструктивен материјал, како и паралелата со уличната уметност каде бетонските ѕидови најчесто се користат како подлога за исцртување.
Врзувајќи ги овие две точки на инспирација, Конески изработува 60 бетонски плочи со димензија 20/20cm на кои презентира два авторски и еден експериментален концепт на аплицирање илустрација.
Првиот концепт претставува дигитален цртеж, печатен директно на бетонските плочи, додека кај вториот илустрацијата е печатена на форекс, со цел да се издвои цртежот во посебен слој и да се наддаде на плочите.
Во оваа прва серија која беше дел од изложбата „Илустрации од постземјотресната обнова на Скопје“ беа работени и илустрации со примена на AI (вештачка интелегенција).
Доколку сакате ги погледнете сите изработени парчиња и да ја следите работата на „Сувенири Скопје“ можете истото да го направите на профилите на социјалните мрежи:

Автор на статија: Boris Jurmovski
Бетонски плочи / Дигитална илустрација / Печатен бетон / постземјотресна обнова / Скопје / Филип Конески