Garden Of Eden/ Андоновиќ, Јованоска, Тодоровски, Ристеска

Автори: Милош Андоновиќ, Сара Јованоска, Иван Тодоровски, Анастасија Ристеска

Локација: Скопје, Македонија

Година : 2023

 

Проектот е конкурсен труд, влезен во селекцијата на финалисти на меѓународниот повик – Tactical Urbanism Now 

 

Наближувајќи се на 60-тите години од разорниот земјотрес во Скопје, се потсетуваме на една од историски и општествено најзначајните оски која беше силно погодена од земјотресот. Улицата беше сведок на различни архитектонски стилови и урбанистички промени, како одраз на еволуцијата на градот со текот на времето.

Иако има едвај сто години, раѓањето на улицата Македонија го означува рагањето на Скопје како град. Имајќи го тоа во предвид, смртта на улицата ќе значи и смрт на градот. Овој проект се стреми да го врати во живот овој простор кој е од огромно значење за нашата колективна свест.

 

 

Аналогно на Еденската Градина,  она што сега е само пешачка транзитна улица, преку внимателно планирани и вградени елементи, ќе стане засолниште на спокојство каде луѓето ќе можат безбедно да пешачат, да возат велосипед или едноставно да седат и да уживаат на отворено во срцето на градот.

 

 

Сите поединечни елементи како целина придонесуваат улицата да стаде модерен Еден, каде луѓето можат да ги искусат задоволствата на урбаниот живот во безбедна, достапна и одржлива средина која поттикнува чувство на поврзаност со природата и промовира социјална интеракција на заедницата.

 

Во срцето на Скопје, овој жив коридор нуди привлечен наратив, откривајќи простор каде принципите на тактичкиот урбанизам се спојуваат со суштината на идилично светилиште. Како доказ за длабока поврзаност меѓу историјата, културата и урбаниот дизајн, улицата Македонија нé повикува повторно да ги замислиме можностите за хармоничен урбан пејзаж.