GHETTOBLAST постери – 2 / Александар Балдазарски
30.06.2016 • Фотографија
Четврток е ден кој во круговите на младите архитекти асоцира на Baltronic. Добро познат на сите, Александар Балдазарски, повторно споделува дел од неговите постери.
За нив употребува лични фотографии од скопската архитектура, користејќи ги како повик за љубителите на неговиот музички избор. Дружењата се случуваат секој четврток во скопското чаршиско кафуле „La kanja”, но овој викенд надвор од „шемата“ настанот ќе се случува во сабота.
Александар Балдазарски е млад архитект, кој исто има пасија и кон фотографијата, музиката и графичкиот дизајн. Крупни кадри, детали, игра со погледот ги карактеризираат овие фотографии. Во прилог гaлерија од втората „пратка“ постери 🙂
кон првата галерија >>>
Ф.К
Автор на статија: marh