Кисела Вода по изградбата

Извор: Пелагонија

Година на издавање: 1975

Фоторепортери на издание: Благоја Дрнков, Киро Георгиевски, Ристо Стојковски

Општина Кисела Вода, често ја споменуваме по доградбите, дивоградбите, деградираното градителско наследство и немањето концепт за развој како градска средина.

Но, какви биле прогресивните почетоци, каква била визијата и реализацијата по катастрофалниот земјотрес?! –  Неспоредливо, организирано, урбанистички испланирано, балансирано со зеленило, подземни гаражи, проодни кровни тераси, насреде расадник, простор со потенцијал за иднината.

Некои од овие фотографии ги имавме споделено, но повеќето не постојат  во македонскиот веб простор.

За заинтересираните, во нашата дигитална библиотека можете да ја најдете брошурата за 11 Октомври – згради >>>