Главната пошта во „Старото Скопје“

Година: 30тите на XX век / претпоставено

Автори: Јован Ранковиќ / според потпис на проектот

Извори: „Старо Скопје“ - прилози за урбаната историја XIX, XX век; Државен архив на Македонија, Declampe.net

Локација: Центар - Скопје

 

Кога зборуваме за  Скопје пред земјотресот во 1963 година, веднаш помислуваме на Офицерскиот Дом, Стариот Театар, Народната Банка, Железничката Станица…Но покрај нив, градот загубил и многу други објекти од јавен карактер. Еден од нив е и главната пошта која се наоѓала на истото место каде денес е ПТТ комплексот  во центарот на Скопје.

 

 

Точното датирање на изградбата на овој објект, како и името на авторот се претпоставени. Офицерскиот Дом, Театарот и Народната Банка на повеќе фотографии можат да се забележат без присуството на поштата, што значи дека истата била подигната после 1931 година. Во однос на авторството, се обидовме да го прочитаме потписот кој се јавува на проектот.

 

 

Објектот е пробиен со два атриуми од кој едниот претставува внатрешно двориште, додека  другиот е искористен во приземјето како магацин. На некои од фотографиите делува како да недостасува, според проектот предвидената саат-кула, додека на други истата постои. Дали се работи за послаб квалитет на фотографиите или дошло до рушење на истата, не можеме со сигурност да потврдиме.

 

Основи и пресек

 

Доколку поседувате повеќе информации  за авторот, годината на изградба на објектот  или фотографии, слободно контактирајте не на нашата адреса contact@marh.mk.

 

Поплава 1962 година ( авионска снимка)

Поплава 1962 година ( фотографирано од Камениот мост)