Годишна изложба на студентски проекти 2017-18 / МИТ Универзитет

Период: 2017/2018

Фотографии: Васе Аманито

На ден 26.06.2018 г. во просториите на МИТ Универзитет – Скопје (објект City Gallery), Факултетот за Архитектура ја отвори годишната студентска изложба.

На изложбата се претставени архитектонско – урбанистички проекти од студентите од втора до петта година по предметите Јавни објекти, станбени објекти, индустриски објекти, урбанизам, арх. конструкции и ентериер и дизајн.

Темата на овогодинешната изложба е “Одржливост – како концепт на гледање на иднината”. Студентите од додипломски и последипломски студдии изработија креативни идејни решенија за заживување на градскиот трговски центар, преку проектирање на спортско рекреативна дејност во склоп на постоечкиот објект со цел негова ревитализација. Се дефинираа движењата, функциите и програмите во објектот и околината.

Урбанистички, студентите се насочија кон зазеленување на јавните градски простори, конкретно преку реосмислување на паркот жена – борец и кејот на реката Вардар.