Оддржано годишното собрание на КОАИ
27.02.2018 • Информации
Извори: Порта 3
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија – КОАИ на 24 февруари одржа Годишно Собрaние на КОАИ. Според утврдневниот дневен ред на Собрание се презентираше годишниот извештај за работата на КОАИ со завршна сметка и финансиски извештај и извештај на Надзорниот одбор. Се усвои предлог програмата за работа на КОАИ за 2018. Се одржа избор за потпретседател на КОАИ. Во конкуренција беа двајца кандидати предложени од одделениеото за архитектура Д-р Гајур Кадриу, досегашен потпретседател и од одделението за градежништво Раде Лазаревски. По тајното гласање, мнозинство гласови доби Раде Лазарeвски кој е новиот потпретседател на КОАИ со мандат до 2020 година.
Раде Лазаревски е роден 1980 во Скопје. Дипломирал на Градежниот Факултет во Скопје, насока патишта и железници. Во моментот ја изработува магистерската теза на Градежниот Факултет во Скопје.Од 2003 до 2005 година работи како дел од стручниот тим на Нансен Академијата од Лилехамер, Норвешка. Од 2005 до 2009 година член е на Комисијата за Урбанизам во Општина Центар. Од 2010 до 2015 година работи како проектант во “Прима инженеринг ДОО”, Скопје, Македонија. Од 2015 година до денес вработен е во Градежниот институт “Македонија” А.Д. Скопје.Во текот на својата професионална кариера активно учествува на релевантни семинари и конференции во земјата и странство.
На Собранието се дискутираше и за тарифникот за инженерски услуги, кој беше сработен од работната група К1 при одделението на архитекти. Неговата нацрт верзија на 6 декември е доставена до УО на КОАИ. Нацрт тарифникот требаше понатамо да се проследи на разгледување и доработка на останатите одделение. Бидејќи одделенијата сеуште не го разглдале тарифникот, дале свои забелешки и сугестии неговата доработка се пролонгира. Собранието се договори во наредниот период сите одделенија да работат на тарифникот, да се разгледа, усогласи, доработи и достави до наредното Собрание. Следното собрание ќе се одржи во втората половина на април со точка на дневен ред усвојување на тарифникот за инженерски услуги.
Автор на статија: Filip Koneski
2018 / Годишно собрание / Комора на овластени архитекти и инжењери