“ГРАДИНА – ОБЛАК” / Андријевски, Николоски, Трајаноски
22.06.2019 • Студентски проекти
Проект: Градина – Облак во Скопје
Студенти: Сашо Андријевски, Урош Николоски, Љубен Трајаноски
Семестар: IX семестар 2018/2019
Ментори: доц. д-р Слободан Велевски, проф. д-р Марија Мано-Велевска
Демонстратор: арх. Никола Ѓоргиевски
Архитектонски Факултет – Скопје
Универзитет “Св. Кирил и Методи” во Скопје
Од студентите:
Проектот „Градина – Облак“ беше награден како најдобар проект во второт циклус на студиите на Архитектонскиот Факултет – Скопје. Комисјата која ги оценуваше проектите е во состав од арх. Мартин Гулески, арх. Доминика Бошкова и арх. Константин Трпеноски.
Проектот беше работен во IX семестар, под раководство на доц. д-р Слободан Велевски и проф. д-р Марија Мано-Велевска и арх. Никола Ѓоргиевски.
Работата на интегративното студио “Образци на раст / Ослободување на просторот” се состоеше од аналитички период и проектантски период. Во состав на аналитичкиот период, покрај темелната анализа на бројни локални и интернационални проекти, беше остварено и патување во Венеција и посета на Венециското биенале, каде бевме во можност да ги осознаеме насовремените текови во теоријата на архитектурата. Посетата на биеналето за нас претставуваше синхронизација, синхронизација на нашите размислувања и работата што ни претстоеше со тоа што значи современо размислување.
Во проектантскиот период ги тестиравме различните пристапи на проблемот: Како е возможно да се оствари единство на град и градина?
Локацијата која е зададена е дворот на Министерството за култура, кој излегува на две фрекфрентни улици. Моментално просторот е користен како паркинг и парк, и притоа е ограден со масовна ограда која означува дека тој припаѓа исклучиво на вработените во министерството. Задачата на студиото бараше од нас да се направи измени карактерот на просторот, односно просторот кој е сега речиси целосно приватен, да стане полу-јавен. Полу-јавниот простор имплицира на различна фрекфрентност од јавните површини во градот и претпоставува дека карактерот на просторот ќе има доволно приватност тој да биде користен од одреден број на луѓе на подолг период од денот.
основи на подрум / приземје / кат
Решението кое го изложуваме се основа врз човечката потреба да го уреди она што го осеќа како свое, односно одговорноста на уредување на сопствениот двор. Следствено, повеќе корисници се способни да уредат голем простор доколку има лична потреба и лична иницијатива да се уреди конкретниот простор. Со таа цел, намените кои ги предвидуваме во нашиот предлог се со карактер на специфичен долготраен престој: камп простор кој е од потреба на градот; хостел за туристи и уметници во резиденција; лабораторија за истражување на вегетација. Но ваквите намени даваат исклучиво приватен тип на користење на просторот и со цел да се оствари фрекфрентност и јавна намена на локацијата се предвидуваат намени кои се од времен, социјален карактер: кафе во склоп на Министерството за култура кое гледа кон локацијата, амфитеатар кој може да е во функција на министерството, Архитектонскиот факултет, приватни организации и слично; како и отворен театар за неформални аматерски, но и професионални перформанси. Театарот е во склоп на плоштад кој е поставен покрај улицата.
Иако најголемиот број од населението во главниот град живеат во колективни станбени единици, без привилегијата на приватно земјиште, потребата на индивидуата за сопствено зеленило, за свој дел од светот е сеуште присутна. Таа потреба е реална и вистинска и при формирањето на концептот ја земавме како сериозен фактор во начинот на кој ќе ја третираме архтектурата и паралелно, градината.
Другиот дел од спектрумот на проблемот е зелената површина. Во пошироката околина на локацијата не е присутно нитуедно парцелирано зеленило што го прави овој простор ‘единствен слободен остров’ во Дебар Маало. Централното јадро на културата во градот – Дебар Маало е хиперизградена урбана зона. Недостигот на јавен зелен простор во овој дел од градот не е само просторен проблем, туку претставува и еколошки проблем.
Проектот „Градина – Облак“ е концепт на хипервегетирање. На целата површина на парцелата поставуваме правилна модуларна мрежа 3м х 3м која претставува метод по кој се спроведува проектирањето на градината и изградените објекти. Мрежата станува мнозинство на правилно распоредени бели брези (Bettula Pendula) кои поставуваат визуелен и концептуален ред на јавниот простор. Густината на поставувањето на брезите го менува карактерот на просторот, одеднаш во густата урбана морфологија се јавува шумска површина.
Вегетацијата користена во овој проект е од висок и низок тип. Високата вегетација е белата бреза која расте на висина од 15-25метри. Ниската вегетација е мешавина од диви ниски растенија, папрати, мовови, високи треви, ниски овошки и други грмушести растенија кои виреат под крошните на високата вегетација. Тие ги формираат границите на различните намени во рамките на парцелата. Разновидната вегетација освен различните микроклиматски услови кои ги овозможува, таа формира и мал независен екосистем на птици, животни и инсекти кои живеат во симбиоза со овој склоп на растенија. Овој ефект на проектот на потесниот и поширок контекст е од незаменливо значење.
Иновативноста во користењето на природната атмосфера како алат на архитектите се препознава во апликацијата на голем број на истородни растенија на мало растојание (феномен кој може да се препознае само во дивата средина), во еден различен контекст, контекстот на строгиот центар на културниот живот на еден град. Дивата природа како решение за недостаток на билокаква природа.
основа на театар
Секоја од намените се проектирани во посебни архитектонски тела. Амфитеатарот е проектиран на +8.50м со тоа што приземјето останува слободно и тука е сместен јавниот театар и плоштадот. До амфитеатарот се пристига со помош на скалишно и лифт јадро. Објектите се предвидени да се изведат во комбинација на бетонска и челична конструкција со фасада од фино обработен пигментиран бетон кој комуницира визуелно со вегетацијата која ги опкружува.
хостел / основа / пресек
Хостелот е проектиран во два посебни волумени со заеднички двор на кота -3.00м, на истото ниво каде се јавува и кампот. Вдлабените површини ги сигнализираат сите исклучиво приватни зони и во одредена смисла го означува доменот на грижата што групите на корисници ја имаат. Така се стратифицираат јавните површини (патеките за фрекфрентните поминувачи)
кафетерија / основа / пресек
Како дел од предвидените зафати на овој проект е и пробивање на пасаж низ приземјето на Министерството за култура и пренамена на дел од приземјето и подрумот за потребите на новата кафетерија која ќе биде за општа употреба. Тоа ќе ја зајакне фрекфрентноста на поминувачи од другата страна на блокот и претставува нова пешачка рута која индиректно ја поврзува една од најфрекфрентните раскрсници (меѓу ул. Аминта Трети и бул. Партизански Одреди) со регионот на Библиотеката, Архитектонскиот Факултет, новите кафулиња на Дебар Маало.
лабораторија / Основа на приземје и кат / Пресек
Целата парцела е додатно оградена со висока и естетска ограда која е визуелно поврзана со венецот на Министерството (кота +12.5м) додека во приземјето поминувачите се слободни да влегуваат и излегуваат слободно.
Значајноста на овој проект е во иновативниот пристап во програмирањето на парцела во густата морфологија на централното градско ткиво, препознавањето на вистинска потреба од зеленило кое поради депривацијата од слични слободни површини мора да задоволи различни потреби, предвидувањето нов тип на градина, колективна градина, која ќе биде достапна за сите, но приватна во својот карактер.
Автор на статија: Filip Koneski
АФС / градина / Љубен Трајаноски / награден студентски проект / облак / Сашо Андријевски / Урош Николоски