Оживеј го заборавеното Скопје / Светозарева, Герова, Јаневска, Баламова, Ѓурчиноска

Автори: Галина Светозарева, Теодора Герова, Јована Јаневска, Деана Баламова, Маргаритa Ѓурчиноска

Педагошки тим: проф.д-р Дивна Пенчиќ, Вања Трајковски, Љубица Ефтимова

Предмет: Урбанистичко обликување 2

Проектна задача: Визии за просторен развој на град Скопје

Наслов: Оживеј го заборавеното Скопје

Локација: потег Скупи – десен брег на р.Вардар

Семестар:  IX семестар – 2020/2021

Универзитет: Архитектонски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

 

 

За да оживее еден град потребно е да се заживеат местата каде луѓето се чувствуваат најмногу живи. Нашата визија за оживување на градот во себе носи оживување на три важни аспекти од градот: заборавеното културно наследство, железничкиот сообраќај и речните крајбрежја што претставуваат и трите главни цели на овај концепт.

 

 

 

 

 

 

Размислувањето за визијата го започнавме со идеја да се активираат периферните делови од градот како и населбите, Бутел, Шуто Оризари, Сарај, Ѓорче Петров, Лисиче, Кисела Вода. Градот изобилува со автентично културно наследство кое сеуште е непознато за пошироко население, а неговото активирање и афирмирање би можело да придонесе за оживување на таквите непрепознаени локации. Напуштените и заборавени локации во себе кријат мистерија и сокриена убавина, потенцијал да примат голем број програми потребни за луѓето и во иднина да станат жариште каде што би гравитирало локалното население. Урбани атрактори  кои ќе донесат нови културолошки и социјални аспекти во делови од градот.

 

 

 

 

 

 

Со цел намалување на приватниот моторен транспорт, ставање акцент на заедничката мобилност и јавниот превоз и периферните делови да станат уште подостапни потребно е да се врати во употреба железничката пруга која минува низ населбите во Скопје и да се интерполираат нови станици во постојната мрежа поблиску до анализираните локации.

А, како би се реанимирал градот без земање на длабок здив и внесување на чист воздух овозможено преку зголемено зеленило и збогатување на градот со зелени коридори и сини појаси , спојувајќи јa природата со Скопје. Како последна цел за реализирање на нашата визија е оживување на речниот кеј по реките Вардар, Лепенец, Серава и Треска. Дополнително со уредување и поврзување на речните брегови со пешачки мостови во делови кои не се доволно активирани се добива многу поголема флексибилност и слобода во движењето.

 

 

 

 

 

ПРОЕКТ

Изборот на локација – потегот од Скупи до другата страна на Вардар е резултат на препознавање на можноста за просторна имплементација на трите цели од визијата за Оживување на заборавеното Скопје во еден интегрален проект. Преку програмска анализа на околината е дојдено до оние намени кои недостасуваат и на целиот град, а се потребни и во непосредното опкружување па така во предложената просторна интервенција јасно се диференцираат 4 програмски целини:

  • Центар за посетители пред археолошкиот локалитет Скупи, за подобро запознавање и промоција на истиот
  • Нов скопски саем,што е потребен во идентитетот на секој главен град
  • Нов културен центар, со цел создавање на ново културно жариште и децентрализирање на културните случувања
  • Нов градски парк,надоврзување на постоечкиот градски парк

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Целата програма е сместена во павилјонски тип на објекти, расфрлани по теренот,околку кои би се развивала густа урбана шума. Објектите со максимална висина од П+1 не би доминирале во контекстот и не би претставувале визуелна бариера кон Зајчев Рид. Целокупното движење во внатрешноста би било пешачко и велосипедско, а колско движење би имало по периметарот на опфатот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додека самите објекти следат една правилна геометрија на квадрат и круг нивното поврузвање е предивдено со бројни органски патеки како и една подигната платформа со органска форма која ја претставува и главната оска на поврзување на сите целини. Таа од едната страна би ја премостувала улицата и би се поврзувала со центарот за посетители на Скупи а од другата страна би ја премостувала реката и би водела директно во новиот парк. На тој начин овозможуваме едно континуирано движење на подигната кота од теренот кое би нудело едно повозбудливо доживување на целиот комплекс.

Кејот на реката добива партерно и програмско збогатување,овозможувајќи истиот да се користи за културни и рекреативни активности.

 

 

 

 

 

 

Заедно сонуваме за динамично, забавно и инспиративно Скопје, исполнето со нов живот и нови можности, со промени во наредните 10 години што ќе го засилат сјајот и идентитетот на градот.

– од студентите