Illusion in Ruins / Фотогалерија на Ксиао Јанг (Xiao Yang Photography)
14.10.2019 • Фотографија ХХ век / II половина
Ксиао Јанг доаѓа од Пекинг, Кина, а изминативе години патува низ светот фотографирајќи архитектура која отстапува од рамките на секојдневното. Во нејзините кадри таа ги претставува структурите во една посебна атмосфера – на граница помеѓу реалност и фантастика.
Следејќи ја темата на бруталстичките објекти таа поминува и низ Македонија, каде ги опфаќа апстрактните форми на Македониумот, спомениците во Отешево и Гевгелија, па дури и Мермерното езеро во Прилеп. Овие зданија, трансформирани во нејзините „илузии на руините“ добиваат целосно нов карактер, соодветен за било кој sci-fi филм.
Споменик за Преспанското советување, Отешево / Ј. Грабулоски, 1973.
Како зависник од ноќна фотографија и љубител на сликањето со светло, истражувањето на деградираните места е една од главните теми во моите фотографии.
Јас сум фасцинирана од односот со нашето човечки создадено опкружување. Насекаде каде одат луѓето, оставаат приказни и траги во местата. Тие се акумулираат како корали, секоја генерација поставува нов слој на културен талог за следната генерација да живее врз, над, наоколу.
Тие напуштени споменици, куќи, фабрики, замоци и канализации, празни и морничаво тивки ноќе во темнина. Но, нивното постоење всушност зборува само за себе, чекајќи да ги откриеме и да ги слушнеме нивните приказни – без разлика дали се тажни, апсурдни, срцепарателни или убави, сите тие светат во мракот, чекајќи да ги ожнееме.
Едноставното документирање на приказните на овие згради не е единственото нешто што сакам да го постигнам. Контролирајќи ја светлината и времето преку светло-сликарската фотографија, сакам одново да ги создадам и да ја изградам „врската“ помеѓу набудувачот и набудуваното. Тие се трансформираат на моите слики и генерираат „уникатни“ приказни кои ми припаѓаат само на мене.
Создавање на надреалност во реалноста е фасцинантна и неискажлива игра за играње, и секогаш ме мотивира да продолжам со истражувањето.
Од фотографот
Споменик „Цветот на слободата“, Гевгелија / Ј. Грабулоски, Б. Колев, 1969
Мермерно езеро, Прилеп
Македониум, Крушево / Ј. Грабулоски, И. Грабулоска, 1974
Хотел „Европа“, Отешево
Мермерно езеро, Прилеп
Мермерно езеро, Прилеп
Споменик „Цветот на слободата“, Гевгелија / Ј. Грабулоски, Б. Колев, 1969
Дополнително на фотогалеријата „илузии на руините“, таа доловува и извонредни денски кадри на повеќе бетонски споменици низ Македонија.
Споменик на револуцијата, Струга / В. Васиљевич, 1974
Македониум, Крушево / Ј. Грабулоски, И. Грабулоска, 1974
Споменик за Преспанското советување, Отешево / Ј. Грабулоски, 1973
Кампус на УКИМ, Скопје / М. Мушиќ, 1978
Медицински училишен центар „Панче Караѓозов“, Скопје / Ј. Константинов 1973
Спомен костурница, Кавадарци / П. Муличковски, 1975
Телекомуникациски центар, Скопје / Ј. Константинов 1982
Телекомуникациски центар, Скопје / Ј. Константинов 1982
Хотел „Европа“, Отешево
Хотел „Европа“, Отешево
Споменик на градителите, Маврово / 1965
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Архитектонска фотографија / Брутализам / Главна пошта / Македониум / мермерно езеро / надреализам / Отешево / Универзитетски кампус / Фотографија