IN MEMORIAM: Мирче Кокалевски 1952-2025
03.01.2025 • Автори Информации
Средата, не напушти д-р Мирче Кокалевски кој зад себе остави значаен архитектонски, урбанистички и едукативен опус.
Мирче Кокалевски е роден на 11 Мај 1952 година во Дебар, СР Македонија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1975 година кога добива и награда за најдобар студент во својата генерација. Во 1981 година на Архитектонскиот факултет во Белград го одбранил магистерскиот труд под наслов „Валоризација на квалитетот и можности за трансформација на руралните и урбани средини во СР Македонија“ под менторство на проф. д-р Владимир Бјеликов и проф. д-р Ранко Радовиќ. Во 1993 година на Архитектонскиот факултет во Скопје ја одбранил својата докторска дисертација со наслов „Проблематики на ниски терасести структури на коси терени“.
Tипско затворено пливалиште, типска фискултурна сала / Волканов – конкурсно решение
Главна тема во неговиот научен опус е одржливиот развој и системскиот пристап кон организирање на просторот за зголемување на квалитетот на животната средина. Автор е на повеќе студии, планови и истражувања за просторното планирање на урбани и рурални средини во Македонија.
Својата работна кариера ја почнува на Архитектонскиот факултет Скопје во 1975 година каде по дипломирањето работи како асистент на катедрите за проектирање.
Во 1980 година преминува во државна служба и работи како советник за урбана средина во Републичкиот комитет за заштита на човековата околина.
Во 1982 година се вработил во Службата за уредување на просторот при Министерството за урбанизам во улоги на советник, раководител на сектор, а подоцна и помошник министер. Тука, работел на бројни урбанистички студии, просторни планови, закони и правилници за градба.
Иднината на минатото на селското наследство / Кокалевски, Кокалевска
Од 2000 до 2005 година работел како раководител на Сектор за уредување на просторот при Министерството за транспорт и врски.
Во 2005 година му завршува активната работа во државната служба и повторно се враќа на својот првичен интерес, едукацијата, и работи како професор по архитектура и урбанизам на повеќе универзитети. Најголемиот дел од своето творештво го посветува на публицистичката и истражувачката дејност. Тој е автор на повеќе учебници за архитектура, урбанизам и ентериер.
Има изработено над 25 меѓународни и домашни архитектонски конкурси во Јапонија, Франција, Филипини и Југославија. Се јавува и како коавтор на иновација-патент „АЛСЦ Концепт“ на речиси крената конструкција за заштита на објектите од земјотреси.
За оваа иновација како и за својот целокупен работен опус има добиено повеќе домашни и интернационални признанија меѓу кои се и Повелбата „Љубен Најденов“ во 2003 година.
Автор на статија: Filip Koneski