По стапките на Курт Хилшер / Фото-проект на Каспер Моленар
23.06.2021 • Истражување Фотографија
По стапките на Курт Хилшер (In the footsteps of Kurt Hielscher) е проект започнат во 2017 година од страна на Каспер Моленар (Casper Molenaar) кој има за цел да ги претстави фотографиите на Курт Хилшер во компаративно светло, во минатото и сегашноста.
Курт Хилшер бил германски фотограф кој има издадено голем број публикации за повеќе земји во Европа во вид на „фотографски водич – книга“, вид на издание доста револуционерно за периодот помеѓу двете светски војни.
Една од неговите книги е публикацијата за Југославија издадена во 1926 година. Фотографиите направени во Југославија се почетната точка на Каспер Моленар кој има за цел да ги рекреира сите публикации издадени од Курт Хилшер.
Во прилог можете да ги погледнете делот од фотографиите кој се направени на територијата на Македонија.
Сите фотографии се преземени од Фејсбук страната на Каспер Моленар, Следната можете да ја посетите на следниов линк.
Веб страната за порталот можете да ја посетите на следниов линк.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Casper Molenaar / Kurt Hielscher / Кратово / Охрид / Прилеп / Проект / публикација / Скопје / Фотографија