Интервју од 2007 година со Ателје „Ајвар“, на тема „Реконструкција на македонскиот парламент“

Во денешната објава споделуваме едно значајно интервју од 2007 година, на Атејле „Ајвар“ за  магазинот „Глобус“ во кој архитектите  Ранчо Христов и Миодраг Радоњиќ – Бато говорат за тогашниот конкурс за реконструкција на Собранието на Република Македонија.

Пркосењето на конкурсните услови кои направија вовед во еден непримерен проект за реконструкција на републичката палата, укажуваат на архитекти кои имаат став за конкретните теми. Свесно одејќи спроти водата, тие говорат за својот „еретички проект“ за реконструкција на македонскиот парламент.

Темата е значајна и во контекст на скорешниот повторен обид за изградба на катната гаража до Собранието, каде Ателје „Ајвар“ во тоа време предложува церемонијално плато.

Дознајте подетално низ доставениот материјал: