Избори за делегати во собранието на КОАИ
11.06.2025 • Информации

Почитувани,
Ве известуваме дека денес од 9 до 15 часот, трае гласањето за делегати во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Сите овластени членови на Комората, со платена членарина, ќе добијат линк за гласање на своите mail адреси.
Посакуваме среќа на сите во изборниот процес. До сите новоизбрани делегати упатуваме порака за професионалност и решителност да ги продолжат промените кон поголемо достоинство на професијата по успешниот мандат на минатиот состав.
Мандатот на новите делегати ќе биде во перидот од 2025- 2029 година.

Автор на статија: Filip Koneski
2025-2029 / делегати / Избори / КОАИ / Комора на овластени архитекти и инженери / собрание