ПРЕЗЕНТИРАНИ ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ТРИТЕ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Посетителите во Градски парк вчера имаа можност на отворено да ја погледнат pop up изложбата, на која беа изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

 

 

 

Објавата е превземена во целост верно на оригиналот од изворот >>> Град Скопје