Вечерва во 20 часот во МКЦ, се отвора изложбата „ Атлас на македонската модерна архитектура “
02.12.2022 • Информации
Оваа архитектонска изложба е резултат на едногодишниот истражувачки проект „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски.
Основна цел проектот е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Македонија.
Тој регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели.
Автор на статија: Filip Koneski