Извиткана куќа / Марјановиќ
13.10.2025 • XXI век

Локација: нас. Водно, Скопје
Година: 2023
Тип: семејна Куќа
Клиент: приватен
Вкупна Површина: 178 M2
Површина на парцела: 800 M2
Површина На Приземје: 185 M2
Автор: Филип Марјановиќ / Filip Marjanovikj Architecture
Соработници: Џон Клм (3д Визуелизации-екстериер) и Ширелин Нантес (ентериери)
Основа
Извитканата куќа e дизајнирана за живописна локација на падините на Водно. Се карактеризира со високо експериментална-скулптурална форма, каде вертикалните ѕидови од обете страни преку ротација (извиткување) се претвораат во хоризонтални ѕидови. Тој ефект на “ извиткување” создава многу интересен и возбудлив флуиден простор.
Куќата е проектирана за тричлено семејство. Oбјектот е поделен на 2 дела: дел за дневен престој, со кујна и трпезарија, ориентиран кон југозапад и дел за одмор и релаксација со родителска и детска спална соба и тоалет со североисточна ориентација.
Објектот го следи падот на теренот, па така помеѓу делот со дневната соба и спалните соби има висинска разлика од 1.65м.
За авторот:
Филип Марјановиќ дипломира на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје 2003-тата година. Истата година се вработува во Гранит – една од најголемите градежни компании во земјата, каде учествува во изградбата на неколку деловни и стамбени објекти. Времето поминато во оператива му помага одблиску да го согледа процесот на изведба на архитектонски објекти, што ќе има големо влијание во неговата главна преокупација – проектирањето.
Во следните 10 години (од 2006 до 2015) најпрвин за Гранит Проект, а потоа и за приватна инвеститорска компанија изработува голем број на проекти за домување, индивидуални куќи, социјални станови и деловни објекти, а истовремено учествува и на неколку конкурси во земјата и во странство. Со приватна архитектонска пракса се занимава од 2014 година

Автор на статија: Filip Koneski
Водно / Извиткана куќа / индивидуална семејна куќа / Филип Марјановиќ