ЈАВЕН ПОВИК за учество за доделување на Голема годишна награда на ААМ за 2021 година
27.10.2021 • Информации
Асоцијата на архитекти на Македонија (ААМ) секоја година доделува Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело.
Покровител на наградата е Претседателот на Република Северна Македонија.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование и кои се државјани на Р.С.Македонија. Учесниците пријавуваат свои авторски дела – реализирани архитектонски објекти на територијата на Република Северна Македонија, кои се завршени во истата календарска година. Право на предлагање на учесници имаат и сите физички лица државјани на Р.С.Македонија.
Предлогот треба да содржи:
– име на објектот
– име на авторот (авторите)
– функционално технички опис
– извод од план, ситуација, сите основи, пресеци, изгледи, 3Д
– фотографии од објектот
Наведениот материјал се доставува електронски на e-mail: kontakt.aam@gmail.com
Рокот за предавање е до 25.11.2021
Напомена: Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори, за учество плаќаат котизација 3.500 денари по пријавен труд, и доказот за уплата да се достави со погоре наведениот материјал.
Лице за контакт: Ангела Ѓоргиева, диа, – технички секретар во ААМ
Телефон за информации: 076 350 336 e-mail: kontakt.aam@gmail.com
Претседател на ААМ
Мишко Ралев
Автор на статија: Martina Shteriova