Катна гаража до Собрание

Во изминатите денови се актуелизира изградбата на катната гаража до Собранието на Република Македонија.  Ваквата интервенција е погрешна од секаков аспект. Парковско зеленило е претворено во градежно земјиште, идејата е урбанистички вишок, додека за собранието е безбедносен ризик.

 

 

Ваквата одлука е секако од ветерот на проектот  „Скопје 2014“, кога се масакрира централното градско подрачје на градот. Земјиштето е продадено во времето на министерот Миле Јанакиевски, во 2013та година, за сума од 116 евра по m2, што самото по себе говори за небулозно дејствие.

 

 

Проектот добива дозвола за градба во 2014 година, додека тогашната нова локална власт во Општината Центар, го укинува. Процесот завршува на суд, по чија разврска од 10 години, одлучено е да се врати дозволата за градба.

За среќа, сегашната власт стои на ставот дека изградбата на овој објект е безбедносен ризик, и иницира средба со инвеститорот со цел да се најде решение за да не дојде до интервенција на овој простор.

 

 

Ова е простор на кој треба да постои организирано градско зеленило со високи хортикултурни и естетски вредности. Се поинаку е злостор и далеку од разум.