Климатските промени и културното наследство / ИКОМОС Македонија
15.04.2022 • Информации
По повод 18 Април – Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, ИКОМОС Македонија со задоволство го најавува настанот на тема ,,Климатските промени и културното наследство“!
Овогодинешната тема на ИКОМОС за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Избраната тема нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција.
Оттука, на 18 Април со почеток во 12:00 часот, преку платформата ZOOM ќе се одржат предавања на тема ,,Климатските промени и културното наследство“.
Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.
Настанот е отворен за сите заинтересирани, преку слободно пристапување на следнава ZOOM врска (претходна регистрација за настанот не е потребна): https://us02web.zoom.us/j/83238188934…
Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија:
м-р Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ ќе говори за ,,Подигнување на свеста за климатските промени и културното наследство“
д-р Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје ќе говори на тема „Резултати од мерењата на температура и релативна влажност во депоа и галерии како дел од превентивната заштита на споменичките добра“
Автор на статија: Мартин Ефремовски
#Наследство / ИКОМОС / Климатските промени и културното наследство