Колекција на акварели од Мартел

Автор: Шарл Мартел

Година: 1916-1919

Локација: Егејска или Беломорска Македонија ( Денешна Северна Грција )

Извор: Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950

 

Насловно фото:  Палата крај Костурско Езеро

 

Втората објава која ја работиме во соработка со страната „ Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година“  , посветена е на една поширока територија која го опфаќа географскиот, етничкиот и пред се културниот регион Македонија.

Авторот кој денес го презентираме се вика  Шарл Мартел (Charles Martel) кој најверојатно бил војник во Армијата на Ориентот на Македонскиот фронт.

 

Уличка кон езерото , Костур , 1919 акварел

 

Мартел е роден во Аргент (Argent) 1869 година а починал во Авињон (Avignon) во 1922 година. Малку е познато за овој сликар. Но францускиот музеј Центар Помпиду (Centre Pompidou) поседува импозантна колекција на акварели од 1916-1919 година, кој Мартел ги насликал во #Егејска #Македонија, воглавно во #Солун, #Костур, #Кајмакчалан, #Воден, Метеорите, и Полуостровот #Атос на Халкиди. Некои од овие акварели се репродуцирани во француските списанија од воениот период 1914-1918.

 

Солун, Градски бедем со византиска палата и џамијата на Јакуп Паша во позадина

Солун 1919, акварел

Атос, Халкидики, Манастир Ивирон