„КомшиLOOK“ во Железара

Станбените блокови во населба „Железара“ утре, на 1ви јуни ќе бидат сценографија за еден несекојдневен настан со наслов КомшиLOOK.

Идејата за ова случување е да го потикне локалното социјализирање низ призмата на уникатноста на овој простор што ја дефинира неговата архитектура.

 

 

Па од таа мисла организаторите  ги препознаваат балконите, скалите, влезовите и гаражите  како живописна сцена за креативност и поврзување.  Ќе имате можност да погледнете повеќе изложби, инсталации, да пробате храна подготвена од локалните жители, да присуствувате на концерти и перформанси.

 

За подетални информации следете го настанот тука >>>