Најавено гостување на Кондиќ и Медар на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Славиша Кондиќ, доцент на Градежно-архитектонскиот факултет при Универзитетот во Ниш, и Катарина Медар, архитект и урбанист во студиото Teking од Ниш и докторанд на истиот факултет, ќе учествуваат на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.

Славиша Кондиќ има богато искуство во архитектонски и урбанистички проекти, стручни изложби и архитектонски конкурси, на кои бил повеќекратно наградуван. Меѓу неговите значајни признанија се Годишната награда на Инженерската комора на Србија за извонредни професионални достигнувања (2007), Годишната награда „Алексеј Бркиќ“ за најуспешно реализирано архитектонско дело (2020) и Големата награда (Гран при) на 43. Салон на архитектура во Белград (2021). Тој е автор и коавтор на бројни научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија и конференциски зборници.

Катарина Медар е архитект и урбанист вработена во архитектонското студио Teking во Ниш, каде што активно учествува во различни проекти од областа на дизајнот и урбаниот развој. Паралелно, таа веќе осум години е вклучена во наставниот процес на Градежно-архитектонскиот факултет во Ниш, истовремено развивајќи ја својата научна кариера како докторанд.
На средбата, тие ќе ја презентираат темата: „Образовна и научна инфраструктура на Ниш – Научно-технолошки парк Ниш и TechNiš област“, со посебен фокус на архитектурата на образовните и истражувачките објекти и нивната улога во развојот на иновацискиот екосистем на градот Ниш и регионот